Клупскиот автобус на Борусија Дортмунд кој ги превезуваше фудбалерите до Вестфален стадинот на кој требаше да го одиграат првиот четвртфинален меч во ЛШ со Монако беше цел на терористички напад. Натпреварот беше експресно одложен и презакажан за в среда, а голманот Роман Бурки прв прокоментира за ситуацијата при експлозијата во автобусот.


– Кога слушнавме силна експлозија и кршење на стакло веднаш легнавме на подот од автубост. Во паника бевме незнаевме што се случува надвор. Полицијата брзо интервенираше и не евакуираше, а одложувањето на мечот беше правилен потег, бидејќи никој во нашиот состав не мислеше на фудбал. – изјави голманот кој во автобусот местото го делел со Бартра кој поради сериозноста на повредата на раката ќе мора да оди операција.


Навивачите на Монако со песна го подржаа клубот и фудбалерите, додека германците му понудија бесплатно ноќевање на французите кои ќе останат да гледаат мечот од 1/4 финалето.

OhridNews