Јавното претпријатие Билјанини Извори од Охрид, по повод чествувањето на 7-ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет „3х3“.

Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можнос на сите „ баскетволџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците партии баскет.

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 ( играч ) да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 3000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.

Екипата која учествува на овој турнир, ние како претпријатие и овозможуваме поставување на бесплатна реклама (името на спонзорот под кое настапувате), – банер 3м. x 2м. во Спортската сала за време на одигрувањето на овој турнир.

Турнирот во баскет „3х3“ ќе се игра во октомври, секој викенд (сабота и недела), а финалето е предвидено за 7- ми ноември.

Натпреварите ќе започнуваат во 19.00 часот. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на нашата официјална страна biljaniniizvori.mk или facebook : ЈП Билјанини Извори – Охрид од 18.09 – 28.09.2018 година.

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП Билјанини Извори и собраните средства од котизацијата.

OhridNews