Со двата погодоци на Нејмар во финишот на мечот екипата на Барселона успеа да го совлада тимот на Атлетик Билбао 2-0.
Баскијците пружија жилав отпор и го намачија фаворитот за да стигне до „планираните“ три бодови. Бразилскиот ас Нејмар кој мечот го почна од клупата беше херој кој во два наврати го најде патот до мрежата.
Резултати : Барселона – Атлетик Билбао 2-0, Малага – Леванте, Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, Селта – Реал Сосиедад.
Мх.П.