„Бате Мемати“ ги скара Турците и министерот Ивановски
13.11.12 00:04
Изјавата „Доста ни беше 500 години турско ропство“ на Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, по повод прекумерното емитување на турските серии на телевизиите, ги налути Tурците во Македонија.
Во реакцијата на Здружението на Истомисленици на Ататурк во Македонија, стои дека се повредени чувствата на оваа етничка група во земјава. Тие најостро ја осудуваат оваа изјава на Ивановски и бараат од Владата, во име на добрите односи кои ги има земјава со Турција, министерот да се огради од неа и јавно да се извини. „Изјавата е говор на омраза насочен кон граѓаните на турската заедница во Македонија, кои плаќаат данок за да може министерот да земе плата. Турската заедница е згрозена од стереотипите промовирани од јавните личности кои можат да им штетат на пријателските односи помеѓу двете земји“ – стои во реакцијата на здружението.
Исто така, турската заедница е загрижена поради односот на Ивановски кон турските серии.
Во изјавата дадена вчера, министерот Ивановски истакна дека наскоро ќе отпочне јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив ќе бидат опфатени и сериите кои сега доминираат на дел од македонските телевизии.
-Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство. 40 проценти во 2014. година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција“, изјави министерот Ивановски.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.