Британскиот возач на формула 1, Џенсон Батон и неговата сопруга Џесика,биле ограбени додека биле на одмор на француската ривиера, а крадците го однеле и вереничкиот прстен на Џесика, соопшти портпаролот во четврток.

 

Двојката престојувале во изнајмена вила во популарното одмаралиште Сан Тропе, заедно со пријатели, кога се случил грабежот во понеделник вечер.

„Двајца провалиле на имотот додека сите спиеле и украле многу работи вклучитено и накит, а највознемирувачки е што го украле вереничкиот прстен на Џесика“, вели портпаролот.

Крадците најверојатно и испулпале гас во вентилациониот систем, додаде тој.

„Полицијата има индикации дека ова е веќе голем проблем, откако во неколку наврати во регионот крадците се служат со гас за да ги зашеметат своите жртви кој го пуштаат во вентилацијата а потоа провалуваат“, вели портпаролот, кој додаде дека никој не е повреден.

Британскиот весник The Sun извести дека украдените работи вределе 426.000 евра.

Батон, кој има 35 години, во моментот има потпишано со тимот на Мекларен и живее во Монако, на средоземноморскиот брег, недалеку од Сен Тропе.

„Макфакс“

Ohridnews