Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен во екот на оваа сезона започна да ги крои плановите за следната сезона. „Баварците“ играчкиот кадар планираат да го засилат со Арон Ремзи од тимот на Арсенал.

Актуелниот договор на Ремзи со „топчиите“ истекува на крајот од оваа сезона,  а германскиот шампион будно ја следи ситуацијата. Во случај фудбалерот и Арсенал да не ја продолжат соработката, Ремзи без никаква оштете може да го засили било кој клуб. Ремзи потекнува од школата на Кардиф Сити, но во фудбалер каков што е сега се афирмираше во екипата на Арсенал.

Дека ќе има коренити промени во Баерн Минхен се огласи извршниот директор Ули Хенес. Тој најави играчки промени, а во неизвесност е иднина на тренерот Нико Ковач, кој нема резултати според очекувањата на Баерн Минхен.

„Баварците“ после поразот од Борусија Дортмунд заостануваат седум бодови, а единствен спас на Хрватот се добрите резултати во ЛШ.

OhridNews