Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија титулата во германскиот Супер куп победувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со високи 5-0.

„Баварците“ со убедливиот триумф му се реваншираа на Ајнтрахт за поразот во финалето во Купот на Германија. Три од петте голови за Баерн Минхен постигна Роберт Левандовски, а по еден реализираа Кингсли Коман и Тијаго Алкантара.

Триумфот и титулата во Супер купот сигурно ќе биде ветар во грб за Нико Коваќ кој имаше официјално дерби на клупата од Баерн Минхе. Хрватот, на Алијанц арената се пресели токму од Франкфурт.

OhridNews