Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен финалните мечеви од Бундес лигата и Лигата на Шампиони ќе ги дочека без Арјен Робен во составот.
Офанзивниот фудбалер во клубот се врати повреден од националната селекција и ќе отсуствува пет недели од терените.
Холандскиот репрезентативец го повредил бутниот мускул на дуелот со Франција кој „лалињата“ го загубија со 3-2.
Баерн Минхен во трката со Борусија Дортмунд за титулата во Германија има пет бодови предност на седум меча до крајот додека во ЛШ противник на „баварците“ во 1/4 финалето им е португалската Бенфика.
OhridNews











