Екипата на Баерн Минхен е првиот финалист во Купот на Германија. “Баварците“ во полуфиналето со 6-1 го совладаа Волфзбург.


Серијата погодоци за “црвено белите“ ја отвори Манџукиќ, продолжи Робен, а “волците“ преку Диего го постигна единствениот погодок на мечот. Шаќири зголеми на 3-1, а Гомез со хет трик ги постави конечните 6-1.

Со победата над Волфзбург во полуфиналето екипата на Баерн Минхен останува во игра за тројна круна. “Баварците“ го обезбедија “покалот“ во Бундес лигата, а во полуфиналето од Лигата на Шампиони ќе се сретнат со Барселона.

Мх.П.