Баерн Минхен пред своите гледачи го совлада Баер Леверкузен со 2-1 во дербито од 12-та рунда и излезе од мини резултаската криза во Бундес лигата.


„Баварците“ во последните два меча освоија само еден бод и победа од дербито со „фармацевтите“ им беше повеќе од потребна.

Тијаго Алкантара го отвори резултатот во 30-та минута. Радоста на домаќините траеше само пет минути, откако Хакан Чаланоглу изедначи 1-1. Во 56-та минута дефанзивецот Метс Хумелс погоди за ново водство на домаќините, кое на крајот се покажа доволно за победа.  

Резултати: Менхенгладбах – Хофенхајм 1-1, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 2-1, Келн – Аугзбург 0-0, Хамбургер – Вердер Бремен 2-2, Инголштад – Волфзбург 1-1, Баерн Минхен – Баер Леверкузен 2-1.

Табела: Лајпциг 30, Баерн Минхен 27, Ајнтрахт Франкфур 24, Келн 22, Хофенхајм 21…

OhridNews