Актуелниот шампион во Бундес лигата, Баерн Минхен соопшти дека заменик капитенот Бастијан Швајнштајнгер и следната сезона ќе биде дел од клубот, а за Марио Геце чекаат отворени понуди.
Геце на „Алијанц арената“ во мал број натпревари ги повтори игрите од Борусија Дортмунд каде беше прва виолина на екипата.
Златното момче од последниот Мундијал во Бразил го навлече гневот од навивачите, но и управата, која јавно го критикуваше за слабите игри сезонава што измина во дресот на Баерн Минхен.
Што се однесува за популарниот „Швајни“ интерес покажа Манчестер Јунајтед, но и тој самиот изјави дека не се гледа во друг клуб освен Баерн Минхен.
Искусниот фудбалер минатиов период се најде во центарот на вниманието по врската со српската убавица и тенисерка Ана Ивановиќ.
Мх.П.