Баерн Минхен успеа да ги победи останатите европски ривали во трката за потписот со норвешкото чудо од дете Мартин Едегард.


15-годишниот норвежанец, кој е најмладиот фудбалер кој настапил на квалификациски натпревар за Европско првенство кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

– Тој е многу добар. На 15 години ниту Меси ниту Роналдо не биле волку добри и квалитетни како него. Поседува голем талент и беше многу интересен играч за Баерн Минхен – потенцираше Пеп Гвардиола.

Сепак германскиот гигант може да биде на тапет од ФИФА и УЕФА бидејќи неможе да се потпишува договор со малолетни фудбалери.

Мх.П.