Бранителот на трофејот во Бундес лигата, Баерн Минхен прокнижи нови три бодови на табелата победувајќи го Мајнц на гостински терен со убедливи 3-0.
Творец на седмата победа во исто толку натпревари во германската елита беше Роберт Левандовски кој ги постигна првите два погодоци додека еднаш мрежата на Мајнц ја погоди Кингсли Куман.
Со двата погодоци полскиот репрезентативец ја продолжи голгетерската серија откако минатото коло против Волфзбург постигна пет голови и стигна до 100-от погодок во германскиот фудбал.
Резултати : Аугзбург – Хофенхајм 1-3, Мајнц – Баерн Минхен 0-3, Штутгарт – Менхенгладбах 1-3, Вердер – Леверкузен 0-3, Волфзбург – Хановер 1-1, Хамбургер – Шалке.
Табела : Баерн Минхен 21, Дортмунд 16 (-1), Шалке 13 (-1), Волфзбург 12, Леверкузен 12…
Мх.П.











