Германскиот шампион Баерн Минхен по завршување на сезоната ќе се раздели со Арјен Робен и на неговото место ќе го ангажира Еден Хазард од Челси.
Холандскиот репрезентативец и оваа сезона беше еден од најдобрите во составот на Баерн Минхен, но честите повреди го спречија да биде дел од тимот во клучните натпревари.
Токму затоа управата на „баварците“ размислува за продажба на Холанѓанецот и доведување на најдобриот фудбалер од Премиер лигата.
Германците подготвени се да платат 100 милиони евра за белгискиот репрезентативец, кој во дресот на „сините“ ја одигра најдобрата сезона во кариерата.
Мх.П.