Фудбалерите на Баерн Минхен не престануваат да ги понижуваат противниците во Бундес лигата. Овој пат на патот од „баварците“ застана Падербон и доби шест „парчиња“ во мрежата.
Со два погодоци гол шоуто го најави Роберт Левандовски, исто колку него постигна и Арјен Робен, а по еден реализираа Френк Рибери и Висер.
Резултати : Падербон – Баерн Минхен 0-6, Аугзбург – Леверкузен 2-2, Фрајбург – Хофенхајм 1-1, Мајнц – Франкфурт 3-1, Шалке – Вердер 1-1, Келн – Хановер.
Мх.П.