Лидерот во Бундес лигата, Баерн Минхен пред своите гледачи безмилосно со 8-0 го совлада составот на Хамбургер.


По два погодоци постигнаа Томас Милер, Марио Гетце и Арјен Робен, а по еден реализираа Франк Рибери и Роберт Левандовски за најубедлива победа сезонава.


Натпревар за историја одиграа Леверкузен и Волфзбург кои заедно постигнаа девет погодоци, а бодовите на крајот им припаднаа на гостите победувајќи 5-4.

Резултати : Баерн Минхен – Хамбургер 8-0, Леверкузен – Волфзбург 4-4, Менхенгладбах – Келн 0-0, Хофенхајм – Штутгарт 2-1, Вердер Бремен – Аугзбург 2-1, Ајнтрахт – Шалке.

Мх.П.