Јуп Хејнкенс ќе ја прекине пензијата и до крајот на сезоната ќе биде тренер на Баерн Минхен. Хајнкес се пензионираше како тренер на Баерн во 2013 година кога на клубот му ја донесе титулата во Лигата на Шампионите.

Весникот „Билд“ враќањето на Хејнкенс го нарече „фудбалска сензација на годината“. На искусниот тренер ова ќе му биде четврти мандат на клупата на најтрофејниот германски клуб.

Хејнкенс на клупата ќе го наследи Карло Анчелоти кој доби отказ по дебаклот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Хејнкенс првиот мандат во Баерн го имаше од 1987 до 1991 година, потоа во 2009 година, а последниот мандат му беше од 2011 до 2013 година.

Раководството на Баварците му даде предност на Хејнкенс во однос на Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

OhridNews