Екипата на Баерн Минхен одличните резултати во Бундес лигата ги преслика во Купот на Германија победувајќи го Волфзбург со 3-1.


„Баварците“ дилемите околу победата ги разрешија во првиот половина час каде преку Даглас Коста и Томас Милер три пати ја погодија противничката мрежата.

„Волците“ во 90-та минута со погодокот на Томас Шурле успеаја само да го ублажат поразот втор за кратко време од германскиот шампион.


Резултати : Оје – Ајнтрахт Франкфурт 1-0, ФСВ Франкфурт – Херта 1-2, Мајнц – Минхен 1860 1-2, Нирнберг – Фортуна Дизелздорф 5-1, Бохум – Кајзерслаутен 1-0, Дармштад – Хановер 2-1, Унтерахинг – Лајпциг 3-0, Волфзбург – Баерн Минхен 1-3.

Мх.П.