Актуелниот првак во Бундес лигата, Баерн Минхен триумфираше со 4-0 на новајлијата Падербон и прокнижи три бодови на табелата.

Со убедливата победа „баварците“ покажаа дека ремито со Хамбургер без голови дека било само лош ден за фудбалерите. Два погодоци постигна „златното момче“ Марио Геце, а по еднаш прецизни беа Томас Милер и Роберт Левандовски.

Резултати : Баерн Минхен – Падербон, Ајнтрахт – Мајнц 2-2, Хофенхајм – Фрајбург 3-3, Вердер Бремен – Шалке 0-3.

Мх.П.