Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, најмалку осум недели ќе отсуствува од фудбалските терени поради повреда на стапалото.


Еден од најдобрите светски голмани се повреди на четвртфиналниот реванш против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

„Баварците“ во дуелот во Мадрид загубија со 4-2 по 120 минути игра, а германскиот репрезентативец во текот на целиот меч беше на теренот.

Нојер поради повредата на стапалото ја заврши сезоната, а под знак прашалник е за настап во германската репрезентација за Купот на Конфедерации во Русија од 17 јуни до 2 јули.

„Макфакс“
OhridNews