Баерн Минхен го задржа стопроцетниот ефект во Бундес лигата совладувајќи го Аугзбург 2-1 со судни маки на Алијанц арената.
Гостите од 43-та минута имаа позитивен резултат после погодокот на Есвејен, која ја чуваа до 77-та кога Роберт Левандовски погоди за егал.
Во 90-та минута после сомнително досуден пенал Томас Милер го совлада гостинскиот голман и ја осигура четвртата победа во исто толку натпревари.
Истиот ефект го зачува и Борусија Дортмунд која на гостински терен со 4-2 славеше над домаќинот Хановер.
Резултати : Леверкузен – Дармштад 0-1, Баерн Минхен – Аугзбург 2-1, Хановер – Борусија Дортмунд 2-4, Херта – Штутгарт 2-1, Инглоштад – Волфзбург 0-0.
Табела : Дортмунд 12, Баерн Минхен 12, Волфзбург 8, Келн 7…
Мх.П.