Првите две екипи на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд запишаа нови бодови победувајќи го Инголштад (3-1) односно Дармштад (6-0) на домашен терен.
„Баварците“ со триумфот пред своите гледачи ја продолжија победничката серија на три мечеви во најсилната германската лига. Домаќините со пресврт ги освоија бодовите, а стрелци на головите беа Роберто Левандовски, Чаби Алонсо и Рафиња.
„Милионерите“, пак, немаа проблеми како својот ривал и уште во седмата минута поведоа со 1-0 откако погоди Кастро. Во 48-та минута Рамос го дуплираше водството, а шест минути подоцна домаќините стигнаа до 3-0 со голот Пулишиќ. Кастро со вториот погодок на мечот зголеми на 4-0, за 5-0 погоди Роде, а конечните 6-0 ги постави Мор во 90-та минута.
Резултати: Баерн Минхен – Инголштад 3-1, Борусија – Дортмунд 6-0, Ајнтрахт Франкфурт – Леверкузен 2-1, Хамбургер – Лајпциг 0-4, Хофенхајм – Волфзбург 0-0.
OhridNews