Фудбалерите на Баерн Минхен во десеттата рунда ја забележаа десеттата победа во Бундес лигата откако пред своите гледачи славеа убедливо со 4-0 против Келн.
За „баварците“ ова беше 1000-ти триумф во елитната германската лига, а навивачите имаа причина повеќе за задоволството по враќањето со погодок на Арјен Робен.
Покрај холандскиот репрезентативец во листата на стрелци се запишаа Артуро Видал, Роберт Левандовски и Томас Милер.
Резултати : Мајнц – Вердер 1-3, Баер Леверкузен – Штутгарт 4-3, Баерн Минхен – Келн 4-0, Дармштад – Волфзбург 0-1, Хановер – Ајнтрахт Франкфурт 1-2, Инголштад – Херта.
Табела : Баерн Минхен 30, Дортмунд 20 (-1), Шалке 19 (-1), Волфзбург 18…
Мх.П.











