Челниците на Баерн Минхен не се воодушевени од одлуката на Филип Лам да се повлече од фудбалот. Капитенот на „баварците“ одлуката за повлекување ја кажа после мечот со Волфзбург во Купот на Германија.
Како причина Лам за повлекувањето го наведе жестокиот ритам, односно дека телото не може да го издржи темпото кое го бара составот од Алијанц арената.
– Баерн Минхен е непријатно изненаден од Лам и неговиот агент. Претпоставуваме дека имаме договор со Лам до завршување на следната сезона и тогаш сите заедно да ја објавиме оваа информација, но не испадна така. Сепак, тој е важен играч за Баерн Минхен и има голем дел во последните успеси на нашиот клуб. – изјави Карл Хајнц Румениге еден од членовите во Управниот одбор на Баерн Минхен.
Дефанзивецот кој потекнува од фудбалската школа на германскиот гигант одби висока позиција во клубот барајќи време да одмори и размисли што како понатаму.
Се повлекува фудбалерот од Баерн Минхен кој има кариера без дамка
OhridNews