Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го срушија митот за непобедливост на Баерн Минхен во Бундес лигата победувајќи ги со убедливи 3-1 пред своите гледачи во 15-та рунда.


Домаќините од 54-та до 68-та минута одиграа во транс и успеаја три пати да ја погодат мрежата на Мануел Нојер што им го отвори патот до победата. „Баварците“ се консолидираа, но постигнаа само почесен погодок преку повратникот во екипата Френк Рибери.

 

Резултати : Хамбургер – Мајнц 1-3, Херта – Леверкузен 2-1, Инголштад – Хофенхајм 1-1, Келн – Аугзбург 0-1, Б. Менхенгладбах – Баерн Минхен 3-1, Волфзбург – Дортмунд.

Табела : Баерн Минхен 40, Дортмунд 32 (-1), Менхенгладбах 26, Херта 26…

Мх.П.