Германскиот првак Баерн Минхен со 3-2 го совлада англискиот шампион, Челси во контролниот натпревар кој го одиграа во Сингапур.
„Баварците“ одиграа фуриозни 30 минути во кои постигнаа три погодоци. Резултатот го отвори Рафиња во 6-та, а Томас Милер со двата голови во 12-та и 27-та минута донесе убедливо водство.
„Сините“ до крајот на првиот дел намалија на 3-1 со голот на Марк Алонсо. Во второто полувреме Челси успеа да постигне уште еден погодок преку Мичу Бачујаши, но не и да извлече реми.
На дуелот во Сингапур за „сините“ дебитираше Алваро Мората. Шпанецот во игра влезе во 64-та минута на местото од Бога.
OhridNews