Екипата на Мајнц го расипа перфектниот скор на Баерн Минхен на домашен терен победувајќи го (2-1) на Алијанц арената во 24-та рунда од Бундес лигата.
Гостите по 25 минути игра поведоа со 1-0 по голот на Жаиро. По еден час игра „баварците“ преку Арјен Робен го изедначија резултатот.
Фудбалерите на Мајнц во 86-та минута по погодокот на Кордоба уште еднаш стигнаа до водство и го задржаа до крајот на мечот за голема победа.
Резултати: Леверкузен – Вердер 1-4, Баерн Минхен – Мајнц 1-2, Менхенгладбах – Штудгарт 4-0, Дармштад – Борусија Дортмунд 0-2, Херта – Ајнтрахт 2-0, Хофенхајм – Аугзбург 2-1, Шалке – Хамбургер 3-2.
Табела: Баерн Минхен 62, Дортмунд 57, Херта 42, Менхенгладбах 39, Мајнц 39…
OhridNews











