Со пресврт во вториот дел тимот на Баерн Минхен го совлада составот на Борусија Дортмунд 2-1 во германското супер дерби.
„Милионерите“ со голот на Марко Ројс во 31-та минута поведоа со 1-0 и со тој резултат заминаа на одмор.
Одбраната на Дортмунд потклекна во 72-та минута кога Роберт Левандовски го изедначи резултатот.
Комплетен пресврт домаќините направија по голот на Арјен Робен од белата точка на четири минути пред крајот на мечот.
Резултати : Хамбургер – Леверкузен 1-0, Хановер – Ајнтрахт 1-0, Мајнц – Вердер 1-2, Штутгарт – Волфзбург 0-4, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд 2-1.
Табела : Баерн Минхен 24, Волфзбург 20, Менхенгладбах 17, Хофенхајм 17…
Мх.П.