„Баварците“ стари-нови шампиони во Бундес лигата (видео)
29.04.17 21:50
Фудбалерите на Баерн Минхен ја одбранија титулата во Бундес лигата. „Баварците“ 5-та титула во серија, инаку 27-та во историјата ја осигураа на три натпревари до крајот со убедлив триумф (6-0) над тимот на Волфзбург.
Пулените на Карло Анчелоти бесот за елиминацијата во Лигата на Шампиони и Купот на Германија го истурија над „волците“ кои ги смирија за 45 минути игра. Тандемот Алаба-Левандовски искомбинира три погодоци за 3-0 водство. Во второто полувреме Робен, Милер и Кимих погодија уште еднаш за убедлива победа.
После разрешувањето на сите дилеми околу титулата останува борбата за местата кои водат во ЛШ и Лигата на Европа и за опстанок во елитното германско друштво
Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...