Капитенот на германскиот првак Филип Лам ќе биде надвор од терените три месеци откако на тренинг го скрши глуждот на десната нога.


Дефанзивецот се повреди на вообичаениот тренинг и веднаш беше преселен в болница каде ќе му биде извршена операција.

Лам само ја збогати листата фудбалери кои се повредени во германскиот гигант Баерн Минхен.

Таму веќе се наоѓаат Алаба, Тијаго Алкантара, Риена, Штарке, Бадштубер, Хави Мартинез, и Пизаро.

Мх.П.