Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на плоштадот во Охрид денеска ги претставуваат своите дела пред охриѓани, но и туристите.

Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

Со овој Базар се надеваме дека ќе инспирираме млади жени кои ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе ги поттикнеме да се вмрежуваат во иднина со цел да го афирмираат македонското културно богатство преку заживување на занаетите и да придонесат кон развојот на економијата. Во иднина можат тоа да го сторат и преку онлајн платформата womenpoweron.mk. На базарот заинтересирани имаат можност да купат впечатливи парчиња накит од нашите креативки, истакна проектната координаторка во Центарот за управување со промени, Јасна Пајковска.

Пред базарот во Охрид се одржa и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“.

OhridNews