Денеска во ОУ „Братство Единство“ се одржа базар на традиционална и здрава храна во рамки на Недела на борба против гладта (16 – 22 октомври) под мотото „Од нашите раце за топли срца”.

Базарот беше организиран од страна на наставниците, учениците и родителите од одделенска настава на албански наставен јазик.

Целта на оваа активност е да се развие чувството на солидарност, грижа и општествена одговорност кај нашите деца, како и поддршка за учениците на кои им е потребна помош, велат од училиштето.

OhridNews