Фудбалерите на Реал Мадрид прокнижија нови три бодови во Ла Лига победувајќи ја Севиља со 4-0 во дербито на колото.


„Кралевите“ до трите бодови стигнаа благодарание на популарното трио „BBC“ (Бејл, Бензема и Роналдо) кои ги поделија три голови од четирите голови.

   
Исто така голема заслуга за победата оди и на сметка од Кејлор Навас кој при резултат (1-0) успеа да одбрани удар од белата точка.

 
И Роналдо промаши пенал, но се исправи постигнувајќи погодок по само шест минути од нереализираниот казнет удар.

 
Со триумфот „кралевите“ го обелија образот на Барселона и Атлетико Мадрид кои неочекувано кикснаа во 30-та рунда од Ла Лига.

Резултати: Еспањол – Атлетик Билбао 2-1, Виљареал – Барселона 2-2, Валенсија – Селта Виго 0-2, Реал Мадрид – Севиља 4-0.

Табела: Барселона 76, Атлетико Мадрид 67, Реал Мадрид 66, Виљареал 54…

OhridNews