На крилата од велшкиот репрезентативец Герет Бејл, Реал Мадрид со 2-1 ја совлада Рома во рамките од „Купот на Шампиони“ кој се одржува во САД.

Левоногиот фудбалер во 2-та минута асистираше за Марко Асенсио кој го отвори резултатот, а во 15-та минута Бејл го дуплираше водството. До крајот на мечот Рома успеа само да намали со погодок на Кевин Стротман.

Новите сезони во Шпанија и Италија започнуваат следниот викенд. Реал Мадрид во првата рунда го пречекува Гетафе, а Рома гостува во Торино кај истоимената екипа.

OhridNews