Beach Film Festival дел од 81. Венецијански филмски фестивал
10.09.24 11:25
Beach Film Festival поканет да учествува како панелист на 26-та Евромедитеранска конференција за кино „Мобилно кино: ново коине за младите eвромедитеранци за поттикнување на мир и толеранција,“ која се одржа на 6 септември во рамките на 81. Венецијански филмски фестивал.
Настанот, организиран од Меѓународниот совет за кино и телевизија (CICT-ICFT) при УНЕСКО, има за цел да го истражи потенцијалот на мобилното кино како ново средство за културен дијалог, соработка и поттикнување на мир меѓу младите во медитеранскиот регион.
Ана Опачиќ, директорка на Beach Film Festival, беше една од панелистите, заедно со истакнати личности од филмската индустрија и културни организации, кои споделија свои визии за иднината на киното и неговата улога во општествените промени.
На програмата на панелисти се најдоа и Магдалена Ландри, директорка на Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Алберто Барачини, Државен потсекретар, Пиерпаоло Сапорито Претседател на Опсерваторија за дигитална комуникација CICT ICFT при УНЕСКО, Кујтим Чашку режисер, Филмска и мултимедијална академија Маруби, Албанија, Алесандро Мандели основач на Сериали, Италија Ор Сиголи Jerusalim Film Festival, Ахмед Беџауи Интернационален филмски фестивал на Алжир, Ризван Ахмад Instructional Media Centre, MANUU, Индија, Ахмет Бојаџиоглу Festival on Wheels; Chairman, Ankara Cinema Association, Турција, Јасмина Бојиќ UNAFF Travelling Film Festival, Универзитет Стенфорд, САД и др.
Оваа покана претставува големо признание за нашето фестивалско движење и неговата улога во зајакнувањето на интеркултурниот дијалог преку филмската уметност, но и важноста на филмот како медиум, вели Ана Опачиќ, директорка на фестивалот.
Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите Дел од граѓаните ќе останат во своите домов...
По повод Велигденските празници и продолжениот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места Во оваа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи, започнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбед...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.