Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува шесто издание на Beach Film Festival од 19-ти до 23-ти јули 2023 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: плажа Славија, плажа Сараиште, брод Армада и Младински центар Охрид.


Од првата година имаме поддршка од Агенција за филм на Р.С.М., која ги подржува сите наши замисли, потоа град Охрид, со којшто имаме многу години успешна соработка и веќе сме домашни таму и од годинава ќе потпишеме официјален меморандум и Beach Film Festival ќе се преименува во Охрид филм фестивал, Министерство за култура, исто така и Кинотека на Северна Македонија, Француски Институт, European Film Challenge, а секако ни е важна и соработката со комерцијални спонзори како Халк Банка, коишто со години нѐ подржуваат и се залагаат за развој на култура, ДМ дрогерии, коишто со својот летен асортиман совршено ја заокружуваат ова летна приказна и многу други, велат организаторите.


За Европскиот филмски предизвик Beach Film Festival е од големо значење како културен настан во државата, бидејќи привлекува млада публика (18-35 години), која е исклучително тешко во денешно време да ја анимираш и ангажираш да гледа европски кинематографски остварувања, кога на сите платформи се промовираат сензационалистички холивудски филмови. Поттикнувајќи ја филмската писменост, промовирајќи европски аудиовизуелни дела и фестивалите, EFC служи како доказ за моќта на киното во премостувањето на културите, промовирањето на различностите и разгорувањето на страста за раскажување приказни. Без разлика дали сте филмофил, млад филмски режисер или едноставно поединец, кој сака да го истражи богатството на европската кинематографија, Европскиот филмски предизвик дава исклучителна можност да започнете филмско патување, велат од Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“, кој го реализира проектот.
OhridNews











