Ангелот на Викторија, Бехати Принсло и фронтоменот на групата „Maroon 5“, Адем Левин го очекуваат второто дете.

Информацијата ја потврди самата Бехати Принсло со сликата поставена на социјалните мрежи.

Еден од најслатки фотомодели во светот на модата минатата година се породи и на свет донесе здраво женско дете кое се вика „Дасти Роуз“.

Јужно-афричкиот модел најави враќање на модната сцена, но најверојатно тоа ќе биде одложено после дознавањето на бременоста.

OhridNews