Клупските колеги од Реал Мадрид, Герет Бејл и Кристијано Роналдо во репрезентативниот дрес на Велс односно Португалија ќе ги одмерат силите во 1/2 финалето од Европското првенство во Франција.
Сите погледи се вперени во Бејл и Роналдо, а првиот ја смири топката и рече дека ова не е дуел помеѓу нив двајца туку меч на Велс и Португалија.
– Овој меч нема врска помеѓу мене и Роналдо. Ова е натпревар помеѓу две репрезентации кои ќе имаат 11 играчи. Јас и Роналдо се добро пријатели, одлично се сложуваме во Реал Мадрид и уживаме во заедничкото играње, но ова е сосема друга приказна. Тој е голем играч, но ние како Велс не се плашиме. – рече Бејл.
Полуфиналниот натпревар меѓу Велс и Португалија се игра во среда во 21 часот, а ќе го суди Јонас Ериксен.
OhridNews