Ремито со Базел 2-2 пред своите гледачи во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа не е толку загрижувачко, колку што е повредата на Герет Бејл.


Велшанецот при еден дуел со противнички фудбалер лошо нагази со десната нога и како покосен падна на тревата. Играта ја напушти на носилки, а паниката на Вајт Харт Лејн беше видлива.

Тотенхем без Бејл во составот ќе има тешка задача во Премиер лигата да го сочуваат третото место кое води во Лигата на Шампиони и да го елиминираат Базел за пласман во 1/2 финалето во Лигата на Европа.

Мх.П.