Пред две сезони Герет Бејл од Тотенхем за рекордни 100 милиони евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Тој во дебитанската сезона освои титула во Лигата на Шампиони и во Купот на Шпанија.
– Една од причините за преселување во Реал Мадрид е Кристијано Роналдо. Тој секојдневно ме мотивира со неговата посветеност на тренинзите. Се надевам еден ден и јас ќе го достигнам неговото ниво на игра кое е неспоредливо и неверојатно – рече Герет Бејл.
Истата година сериозно за услугите на велшкиот репрезентативец загризаа „црвените ѓаволи“, но тој го одбра шпанскиот гигант и не погреши.
Мх.П.