Се погласни се шпекулациите дека по завршување на сезонава велшкиот репрезентативец Герет Бејл ќе замине од Реал Мадрид и ќе се врати во Премиер лигата.


Навивачите најмногу се гневни и лути на Бејл, кој игра во очајна форма, а лошите перформанси во двомечот со Јувентус во Лигата на Шампиони ја прели чашата.

Сепак, според поранешниот прв човек на Реал Мадрид, Рамон Калдерон брзоногиот фудбалер сам ќе си одлучува за својата иднина.

– Се е во рацете не Бејл. Никој не може да одлучи за тебе каде ќе продолжиш и каде е најдобро. Јас не сум убеден дека ќе остане бидејќи навивачите не го посакуваат тоа, а тие се двигатели на клубот во текот на сезоната. – рече Калдерон.

Бејл на Сантијаго Бернабеу пристигна од Тотенхем за 100 милиони евра што преставува рекорден трансфер во историјата на фудбалот.

Мх.П.