Велшкиот репрезентативец Герет Бејл поради повреда предвреме го напушти мечот во Лисабон меѓу Спортинг и Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.


Брзоногиот фудбалер по дуелот со Себастијан Коатес се пожали на болки во глуждот, а по неколку минути со поткринување ја напушти играта.

Се уште не се знае за каква повреда се работи и каква ќе биде нејзината тежина. Во таборот на „кралевите“ настана малку паника бидејќи посериозна повреда ќе го оддалечи Бејл од теренот неколку недели и ќе го пропушти дерби со Барселона.

– Имаше големи болки затоа решив да го извадам од игра. Ќе мора да ги сочекаме снимките и да видиме за што точно се работи. – изјави кратко Зидан после мечот со Спортинг кој Реал го доби со 2-1.

„Ел Класико“ дербито на програмата е на 3 декември (сабота), а домаќин на првата пресметка ќе биде тимот на Барселона.

OhridNews