Европскиот првак Реал Мадрид со триумфот над Леванте 2-0 пред своите гледачи ја стопираше мини серијата лоши резултати во Примера.
Во претходните два натпревари „кралевите“ претрпеа пораз и ремизираа, а дуелот со Леванте беше вистинска шанса за враќање во победнички колосек.
Двата погодоци ги постигна Герет Бејл во првиот дел, а при прослава на првиот Велшанецот ги сокри ушите алудирајќи на свирежите кои беа упатени кон него на претходните натпревари.
Резултати : Алмерија – Виљареал 0-0, Малага – Кордоба 2-0, Севиља – Елче 3-0, Реал Мадрид – Леванте 2-0.
Мх.П.