Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од Герет Бејл кој поради честите повреди повеќе време поминува во процес на рехабилитација отколку на теренот во дресот на „кралевите“.


Репрезентативецот на Велс лесно може да се случи да најде на трансфер листата во летниот преоден рок, откако интерес за него покажаа четири екипи.

Подолго време во своите редови Бејл го посакува Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ добија сериозна конкуренција во Баерн Минхен, Пари Сент Жермен и Челси.

Висината на трансферот би требало да изнесува од 70 до 80 милиони евра. Инаку Реал Мадрид во своите редови Бејл го доведе од Тотенхем за сума од 100 милиони евра која моментално не може да ја достигне кралскиот клуб.

Брзоногиот фудбалер во дресот на Реал Мадрид има одиграно 149 натпревари и има постигнато 67 голови во сите натпреварувања.

OhridNews