Францускиот преставник во Лигата на Шампиони, ПСЖ на првиот четвртфинален натпревар ремизираше 2-2 против Барселона, а сега пред нив е “пеколното“ гостување на Ноу Камп.

– Да реализиравме една од неколкуте шанси во првиот дел ќе беше подруга приказната на овој натпревар. Тогаш ќе бевме во подобра позиција од оваа, но тоа е фудбалот одиме на Ноу Камп по сензација и пласман во 1/2 финалето – рече англискиот репрезнтативец Дејвид Бекам.

На полувремето од мечот во Парис на повреда се пожали Лионел Меси и ја напушти играта, колкава ќе биде сериозноста на повредата ќе покажат снимките на задната ложа.

Мх.П.