Најстариот син на Дејвид Бекам, Бруклин потпиша едногодишен договор со младинската школа на Арсенал.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Бекам поголем дел од кариерата помина на Олд Трафорд освојувајќи многу трофеи во дресот на Манчестер Јунајтед.
Навивачите на Јунајтед уште минатата година реагираа на одлуката од Бекам неговите деца да ги запише во школата од Арсенал.
Во младинскиот погон од топчиите е и 12-годишниот Ромео, кој веќе има еден официјален меч за тимот до 13 години.
Мх.П.