Поранешниот англиски репрезентативец, Дејвид Бекам на Олд Трафорд организираше хуманитарен меч за потребите на светската организација УНИЦЕФ.
Во тимот на Бекам настапуваа екс соиграчи од Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација и играчи од островот, а во противничкиот ѕвезди како Фиго, Роналдињо, Сидорф, Кафу, Ван дер Сар кои оставиле силен белег во фудбалот.
Бекам, на Олд Трафорд успеа да го доведе и Сер Алекс Фергусон со кој се вратија и безброј спомени на навивачите на Манчестер Јунајтед.
Тој беше тренер на тимот од Бекам додека другиот го предводеше италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Мечот заврши во корист на тимот од Бекам (3-1), а започна со минута молк за жртвите од терористичкиот напад на францускиот град Париз.
Ohridnews














