Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам смета дека Премиер лигата не е иста откако Жозе Мурињо доби отказ од Челси.

– Квалитетните менаџери, квалитетните фудбалери и вжештените фанови ја прават Премиер лигата различна од останатите национални шампионати во Европа. Секој клуб или навивач посакува менаџер како Мурињо на клупата. Тој едноставно и недостасува на Премиер лигата. – рече Бекам.

Со оваа изјава Бекам ги подгреа шпекулациите околу Мурињо кој се повеќе се поврзува со Манчестер Јунајтед.

– Тоа што доби отказ од Челси, не го прави слаб менаџер Мурињо. Тоа е само доказ колку менаџерите во Премиер лигата имаат притисок на своите плеќи. – додаде Бекам.

OhridNews