Некогашниот капитен на Англија и член на Манчестер Јунјатед, Дејвид Бекам со стил му возврати на Сер Алекс Фергусон кој во својата втора книга „Водење“ не го сврсти во играчите од светска класа.


Легендарниот шкотски стручњак во дел од книгата која привлече големо внимание има напишано дека во периодот минат на Олд Трафорд работел само со четворица играчи од светски калибар Ерик Кантона, Рајан Гигс, Пол Сколс и Кристијано Роналдо.

– Воопшто не бев повреден од Фергусон. Играв за најдобриот менаџер на сите времиња долго време, имав среќа да играм со доста играчи во тим кој беше успешен, клуб кој го сакав и се уште го сакам. Се согласувам со него, има одредени играчи кои можете да ги наречете светска класа, за среќа јас играв со доста од нив. – рече Бекам.

Не толку благ и дипломатски одговор имаше Рио Фердинанд кој на социјалните мрежи јавно го праша Алекс Фергусон со кои играчи го бележеше најдобриот успех во Манчестер Јунајтед.

Со Фердинанд во екипата од 2007 до 2011 година Јунајтед играше три пати во финалето од Лигата на Шампиони и освои четири титули во Премиер лигата.

Мх.П.