Најстариот син во семејството на Бекам, Бруклин му се приклучи на своите врсници во Манчестер Јунајтед. 14-годишниот Бруклин тргна по стапките на својот татко, кој врвот во својата фудбалска кариера го достигна на „Олд Трафорд“.

Од клубот не сакаа да го коментираат приклучувањето на Бруклин во нивната академија за да не бидат децата изложени на притисок од јавноста.

Бекам во дресот на „црвените ѓаволи“ настапуваше десет сезони од 1993 до 2003 година кога по караницата со Сер Алекс Фергусон се пресели во Реал Мадрид.

Мх.П.